Блаж Благотиншек не е веќе член на Веспрем. Имено словенечкиот пивот и унгарскиот клуб најдоа решение за раскинување на договорот и тоа на барање на Веспрем. Тоа значи дека робусниот ракометар нема оваа сезона да ја доигра во дресот на Веспрем, но затоа во наредната сезона тој ќе биде член на Флензбург, со клубот со кој има валиден договор за следната сезона.
Инаку како преодно решение, Благотиншек ќе игра за Гепинген. Па така се чини дека сите страни се задоволни, а најмногу Веспрем кој ете одлучи да се ослободи од Словенецот и успеа во тоа.










