Скендер Јонузи е веројатниот избор на Шкендија за нов тренер!

903

Како што велат нашите информации, се чини дека Скендер Јонузи ќе биде новиот тренер по заминувањето на Артим Шаќири. Имено Јонузи, кој сега е помошник на Благоја Милевски во А-репрезентацијата и беше првиот кој што се споменуваше како стратег на тетовци, но потоа новото раководство имаше разговори со Ќатип Османи, со неколку тренери од Албанија и Македонија, но не успеа со ниту еден да се договори. Па така се чини дека Јонузи кој беше прва опција и ќе биде новиот тренер. Тој денеска го одработл тренингот со играчите на Шкендија, кои по тридневниот одмор се вратија на работа.

Викендов Шкендија е слободна.

ПретходноФантастичен гест на Елмас и другарите од Наполи! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноВеспрем се “ослободи“ од Благотиншек!