Прекрасен, фантастичен гест на денешниот тренинг на Наполи на играчите на овој италијански фудбалски гигант, а меѓу нив секако и нашиот Елиф Елмас.
Имено на гостувањето на Наполи кај Фиорентина, се случил мал инцидент. На трибините на „Артемио Франки“ во Фиренца бил и малиот Антоан, фан на Напполи заедно со својот таткто. Антоан морал да го соблече дресот и тоа по наредба на редарите и домашните фанови. Оваа вест наиде на големи реакции во цела Италија.
Токму затоа на денешниот тренинг Наполу како клуб му подари на Антоан дрес со потписи на сите играчи, на сите негови миленици.
Покрај тоа тој беше и специјален гостин на тренингот на Наполи денеска.
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) September 9, 2022










