И дефинитивно Гове Седлоски е старо – нов шеф на струката на Шкупи. Тој денеска го одработи и првиот тренинг со “својот“ Шкупи во пресрет на скопското дерби со Работнички. Тука беше и Арбен Нухиу, новиот прв помошник на Седлоски. Да потсетиме дека Шкупи е во серија од два порази во серија, од Брегалница и Тиквеш, претходно одигра само 1:1 со Победа. Значи шампионот на последните три меча буквално загуби осум бодови, освои само еден од максималните девет.


















