Наполи без Осимен еден месец

93

Тимот на Наполи секако дека е сеуште во дилириум по триумфот во Лигата на Шампионите на домашен терен против Ливерпул, но сепак, има и нешта по тој меч кој треба да внесат немир во таборот на „Наполитанците“.

Имено, Виктор Осимен, го напушти мечот предвреме поради повреда. Денеска во клубот пристигнале резултатите, а тие велат дека тој има оштетување на мускулот на десната нога, и дека ќе мора офанзивецот да паузира околу еден месец.

Тоа за Наполи значи дека ќе биде без Осимен на мечевите против, Специја, Глазгов, Милан, Торино, Ајакс на два пати и Кремонезе.

 

 

 

ПретходноМундијалот во 2030 ќе се игра и на Балканот!?
СледноСедло на тренинг на Шкупи, тука е и Арбен Нухиу! (ФОТО)