Денеска се отвора стадионот на кој ќе се игра финалето на СП во Катар (ВИДЕО)

195

Денеска свечено ќе биде отворен стадионот на кој на 18 декември ќе се одигра финалето на Светското фудбалско првенство во Катар. Стадион со капацитет од 80.000 седишта ќе биде домаќин на 10 натпревари на Светското првенство, вклучувајќи го споменатото финале, како и дуелот меѓу Мексико и Аргентина, кој останува меч за кој има најголема побарувачка на билети.

Во 20:00 часот денеска ќе биде и главниот тест на функционалноста на стадионот, со натпреварот на два од најуспешните тимови во Азија и Африка. Ал-Хилал (саудиски шампион) ќе се сретне со Замалек (египетски шампион) во натпревар ќе послужи како главен тест за стадионот пред првиот натпревар на Светското првенство.

Претходно на 11 август на стадионот се одигра и натпревар од Катарската лига меѓу Ал Рајан и Ал Араби. Овој модерен стадион е изграден на околу 20 минути од центарот на Доха.

ПретходноШкупи потврди: Седлоски се враќа на кормилото на шампионот
СледноСтрумица Н. со победа над црногорскиот шампион го почна турнирот „75 години одбојка во Струмица“