Поранешниот шпански репрезентативец роден во Бразил, Диего Коста се враќа на премиерлигашките терени, но сега во дресот на Вулверхемптон. Диего Коста играше за Челзи, но не се прослави, а сега се враќа како напаѓач на „Волците“ и замена за Саша Калајџиќ кој само што дојде заработи тешка повреда и ќе отсуствува долго време.
Инаку ветеранот стави потпис на договор до јуни 2023 година. Последен клуб му беше Атлетико Минеиро, а претходно, покрај Челзи, беше во Атлетико Мадрид, Рајо Ваљекано, Ваљадолид, Селта, Брага.
За Шпанија има 24 меча и 10 голови.










