Неверојатна вест лиферуваат медиумите во Европа, па и во светот. Имено Мундијалот во 2030 година, барем дел од него, би можел да се игра и на Балканот, и тоа во Грција.
Имено С. Арабија, заедно со Еипет и Грција подготвуваат заедничка кандидатура за организатор на СП во фудбал во 2030 година. И терминот одново би бил зимски, зошто во сите три земји кои се наоѓаат на три различни континенти, во јуни-јули е пеколно топло.
Сепак дали навистина овие три земји ќе добијат организација е големо прашање, посебно ако се знае дека Александер Чеферинм, првиот човек на УЕФА застана зад кандидатурата на Шпанија и Португалија. Додека одредени кругови сметаат дека предност би требало да добие Уругвај, заедно со Аргентина и Чиле, посебно ако се знае дека во таа 2030 година ќе се прославува стогодишнината од првиот Мундијал кој се одржа токму во Монтевидео, Уругвај.
Инаку во ноември – декември година ќе се одржи СП во Катар, додека во 2026 година во Северна Америка каде домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.










