Тонали продолжи со Милан и доби двојно повисока плата

160

Сандро Тонали го продолжи договорот со Милан до јуни 2027 година со тоа што потпиша нов договор за двојно повисока плата. 22-годишниот фудбалер дојде од Бреша во 2020 година, прво како позајмен, а потоа „росонерите“ платија 10 милиони евра плус дополнителни 7 милиони за трансферот.
Тогаш Тонали прифати плата од 1,2 милиони евра по сезона, а сега ќе заработува речиси по 3 милиони евра по сезона.
„Среќен сум што останувам во Милан уште долго време. Знаете како ги чувствувам овие бои. Ви благодарам на поддршката. Без тоа немаше да направиме ништо“, изјави Тонали.

ПретходноАмериканците постигнале најмногу поени на Евробаскетот
СледноДиего Коста се врати во Премиер лигата, но во дресот на „Волците“