Навивачите на СП во Катар ќе спијат и на крузери кои ќе се закотват во Доха

125

Уште еден, трет, брод за крстарење е изнајмен од организаторите на Светското првенство денеска за да се користи како хотел за навивачите кои ќе пристигнат да ги бодрат своите репрезентации на Мундијалот во Катар. Бродот ќе се закотви на пристаништето во главниот град на нафтениот емират како опција со повеќе соби.

MSC Cruises со седиште во Женева го објави договорот само шест недели пред почетокот на Светското првенство на 20 ноември. Изнајмениот брод се вика MSC Opera, има 1075 кабини и ќе се користи 1 месец – од 19 ноември до 19 декември. Цените на бродот MSC Opera, кои се наведени на веб-страницата на компанијата, започнуваат од 470 швајцарски франци по лице по вечер, под услов да се резервира кабина за најмалку две ноќевања за време на групната фаза на турнирот.

Катар нема доволно хотелски капацитет за сите репрезентации, персонал, работници, волонтери и поддржувачи на селекциите на самото Светско првенство. Владата дозволува кампување, изградба на привремени куќи и ќе ги пречекува симпатизерите кои спијат и во соседните земји и ќе пристигнуваат на натпреварите.

ПретходноВие тоа не го јадете: Халанд откри со што се храни и на кој начин се грижи за своето тело!
СледноСпектаклот во „Јане Сандански“ со очекуван крај: Партизан го реши МЗТ во една четвртина (ФОТО)