Нгоба и дефинитивно е “фаца“ во Кавадарци. На крилјата на Камерунецот тимот на Тиквеш оваа есен е приказна за себе. Во саботата, на својот роденден, Нгоба одигра уште еднаш маестрално. Им стегна два гола на „лавовите“ и со тоа и како му помогна на својот тим да слави над Македонија ЃП со 4:0.
Нема дилеми дека тој е играч на ова 10.коло. Покрај него во тимот на колото од тимот на Тиквеш се и Ивановски и Стојков.
Победа славеше во Кратово, а одличен настап имаа Паноски, Стомнароски и Петејчук. Брегалница извади голем бод кај Шкендија, а блескаа голманот Шчекиќ и стоперот Ристевски.
Шкупи ја победи А. Пандев среде Струмица, добра партија на Алварез и стрелецот на победничкиот гол Диене. Чурлинов од Скопје одигра одлична партија против Работнички.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
АНАЕЛ БАРГА НГОБА
Тим: Тиквеш
Роден: 08.10.1998 во Камерун
Кариера: Ал-Ватани, Мајес, Ал – Акдар, Тиквеш















