Кој можеше да очекува дека Победа како гостин во Кратово ќе успее не само да го победи силниот Силекс, кој оваа есен “дрма“ во ПМФЛ, туку и дека резултатски ќе го декласира и тоа со 0:3.
Веројатно тоа не го очекуваа ни самите прилепчани. Победа беше прежалена, младиот состав на стратегот Бобан Бабунски одигра како во транс и успеа да освои златни три бода во битката за опстанок.
Секоја чест за играчите, но за овој триумф сепк честитките одат кај тренерот, кај Бабунски кој по вторпат оваа есен според „Спортмедиа“ е тренер на колото.
Бабунски едноставно прави убави нешта со овој тим на Победа.















