Како што се пофалија денеска раководните лица на Атлетико Мадрид, тие и официјално го откупиле Антоан Гризман и со него е потпишан договор до 2026 година. Вредноста е околу 20 милиони евра плус разни бонуси.
Па така со ова се стави крај на сагата која беше поврзана со репрезентативецот на Франција околу Барселона и Атлетико Мадрид.

Со ваквиот развој на настаните секако дека е задоволна и Барса, но и стратегот на “јорганџиите“ Диего Симеоне кој сега може да го користи Гризман во текот на целиот меч а не само по 30 минути.










