Барселона ќе му подигне статуа на својот некогашен фудбалер Лео Меси. На својот најдобар фудбалер во историјата на клубот кој минатото лето направи трансфер од Барса во ПСЖ.
Ова за медиумите го изјави Хоан Лапорта, првиот човек на каталонскиот гигант:
“Да. Можам да потврдам дека ќе изградиме статута со ликот на Лео Меси која ќе биде поставена надвор од Камп Ноу. Одлуката е веќе донесена“ рече Лапорта.
Инаку Меси за Барселона играше од 2003 до 2021 година. Тој со Барса беше десет пати првак во Ла Лига, Купот на Шпанија го освои во седум наврати, четири пати ја освои Лигата на Шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светскоко клупско првенство по трипати.










