Се појави клуб кој го сака Роналдо, но има еден услов!

841

Познато е дека Кристијано Роналдо не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед, но и самиот клуб не е задоволен од тоа како игра Португалецот. Токму затоа Роналдо посакуваше во текот на летниот период по секоја цена да го напушти “Олд Трафорд“, но не успеа неговиот менаџер да пронајде адекватен клуб за својот клиент.

Сепак во последните денови се јави клуб кој го посакува Кристијано во своите редови, а тоа е Интер Мајами од Флорида (САД). Тоа е клубот на Дејвид Бекам.

Сепак клубот од Флорида има свој услов да потпише договор со Роналдо, а тој е Португалецот да дојде во Интер Мајами како слободен играч. Односно прво да го раскине договорот со Јунајтед.

ПретходноЛапорта: Барселона ќе му подигне статуа на Меси!
СледноВие тоа не го јадете: Халанд откри со што се храни и на кој начин се грижи за своето тело!