Новиот тренер на Олимпик Лион, Лоран Блан, изјави дека од првиот ден работел во кризни услови. Тој беше назначен на функцијата во неделата, на местото на отпуштениот Холанѓанец Петер Бош. Блан се враќа во францускиот шампионат по пауза од 6 години.
„Играчите знаат дека треба да направат повеќе. Им одржав краток, но решителен говор. Нашата прва цел е да освоиме максимални бодови во следните 5 натпревари пред паузата“, рече светскиот шампион со Франција на својот прв прес.
56-годишниот Блан ја освои титулата со Бордо во 2009 година, а потоа беше трикратен шампион со ПСЖ во периодот 2014-2016 година.










