После се она што се случуваше на послендиот АО во Мелбурн, кога на Новак Ѓоковиќ, иако фактички влезе во Австралија, сепак не му се дозволи да игра на еден од најголемите турнири во светот на тенисот, сега одново се “загрева“ атмосферата во пресрет на следниот.
Да се потсетиме дека властите во Австралија тогаш не му дозволија настап на АО,и тоа поради фактот дека не бил вакциниран. Но сега времињата се менуваат, блокадите и мерките за Ковид-19 се малку олабавени, па затоа Србинот гледа своја шанса сепак да игра во Мелбурн, иако тој има забрана од три години за влез во таа земја.
Извесна Карен Ендруз, некогашната министерка за внатрешни работи, излезе со свој коментар за тоа дека шансите Новак да игра на АО и не се така мали:
“Зошто би му дозволиле на Ѓоковиќ влез во Австралија? Затоа што има милиони на сметка? Тоа ќе биде голем удар за сите оние кои се вакцинираа против Ковид-19. Не може за сите да важи едно правило, а за него некое друго“ посочи Ендруз.










