Коментар на 10.коло: Моќниот Тиквеш игра МАГИЧНО, а Победа докажува дека Прилеп е фудбалски град!

1574

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Фудбалско Кавадарци е во еуфорија. Кавадарци живее за својот Тиквеш, а фудбалерите, стручниот штаб и раководството на клубот со својата работа, игрите и победите им ги разубавуваат деновите на своите сограѓани кога ќе игра Тиивеш, а посебно кога игра на Градскиот стадион во овој град.

Она што го кажавме минатиот понеделник важи и сега. Тиквеш игра МАГИЧНО, Тиквеш покажува сила, Тиквеш е моќен. Како ли само во саботата момците на тренерот Ѓоко Мојсов си поигруваа со “лавовите“, тоа беше фудбалска убавина. Да се победи Македонија ЃП 4:0 секако дека не е мала работа, а победата требаше да биде поубедлива ако се знае дека Нгоба не успеа пеналот да го претвори во гол, во свој хет – трик.

Па така по ова 10.коло Тиквеш, замислете, се наоѓа рамо до рамо со една Шкендија, а има бод повеќе од Шкупи, Силекс…

Кој ли само можеше да поверува во тоа пред стартот на сезоната.

Победа пак докажува и покажува дека Прилеп е фудбалски град. Не само што успее да слави над Силекс во Кратово со 0:3, туку тоа го направи со стил. Победа предводена од тренерот Бобан Бабунски си има своја филозофија од која не отстапува без разлика кој е противникот.

А таа филозофија е игра убава за око, да се има посед, со таквиот стил да се пленат фановите, па и оние кои не се за Победа. И тоа дава резултати.

Искрено предвреме Победа ја отпишавме, тука во таа група беше и авторот на овој текст, но оваа Победа и тоа како ќе прави проблеми. Сите веќе ја прежаливме и пред да почне првенството прогнозиравме дека ќе испадне, но не ќе да е баш така.

Се чини дека допрва оваа Победа ќе го искажува својот талент.

Браво, уште еднаш едно големо БРАВО за оваа Победа.

Во дербито Шкупи со 0:1 успеа да победи среди Струмица и со тоа да ја продолжи мизеријата на “пандевци“ кои веќе собраа четири порази во низа.

Брегалница извлече голем бод под Шара. Шкендија играше, имаше шанси, ја имаше иницијативата, но кога се игра борбено, кога се дава максимумот тогаш јасно е дека и тие 0:0 се достижни па макар играле и кај една Шкендија.

Скопје и Работнички во една борбена игра си поделија по бод. Веројатно гостите од Градски парк беа поблиску до другите два бода, но треба да се даде гол.

ПретходноКатарците од ПСЖ ја купуваат и португалска Брага
СледноКумановки минимално загубија на првиот меч со Макаби