Ракометарките на Куманово загубија на првиот од двата меча во 2. квалификациско коло во Евро-Купот. Вечерва на гостувањето во Израел, кумановки одиграа одличен меч и загубија практично со пенал во последните секунди од дуелот со 26:25.
Сепак, ова е одличен резултат пред реваншот кој утре исто така ќе се одигра на теренот на Израелките. На денешниот меч одлично издание во дресот на Куманово имаше Величковска со 13 постигнати гола. Граматова постигна 4 гола.
Кај Израелките, Србинката Тасиќ постигна 9 гола.










