Екипата на Партизан денеска и немаше впечаток дека игра на гостински терен. Во СЦ „Јане Сандански“ имаше бројни навивачи на српскиот тим, околу 500 поддржувачи на „црно-белите“ беа на трибините на дуелот против МЗТ Скопје.
Поголем дел беа од Македонија, дел дојдоа од Србија специјално за оваа средба, па токму затоа во салата обезбедувањето беше во голема бројка. Што се однесува до македонскиот првак, сепак имаше поголема поддршка иако средбата се играше во невообичаен теренин.
На трибините можеше да се видат познати кошаркарски имиња, МЗТ Скопје имаше и поддршка од футсал репрезентацијата.











