Како што и доликува, првиот човек на Европската ракометна федерација (ЕХФ) е во Скопје. Тој присуствува на мечот од главната фаза од ЕП меѓу Холандија и Германија, кој се игра во салата “Борис Трајковски“. Се разбира дека негов домаќин е претседателот на РФМ Живко Мукаетов, а тука се е и генералниот секретар Филип Милошевски и селекторот Кирил Лазаров.













