Бразилците тргнуваат во (не)возможна мисија: Пеп за нов селектор на кариоките“?

205

Бразилската фудбалска конфедерација ќе стапи во контакт со Пеп Гвардиола во следните неколку дена, за да разговара околу евентуалниот негов ангажман на селекторското место кај „кариоките“. Претседателот на Бразилската конфедерација, Едналдо Родригес, кој треба сам да го избере новиот селектор, сака од прва рака да знае кои се професионалните намери на актуелниот тренер на Манчестер Сити и дали постои некаква можност да се вброи во листата на кандидати за селекторското место ослободено по заминувањето на Тите.

Бразилците го сметаат Гвардиола за најдобар тренер во светскиот фудбал денеска и затоа би било добро тој да го преземе повеќекратниот светски шампион. Раководството на бразилскиот фудбал веќе најави дека по големиот неуспех на Тите постои можност да се прекине традицијата на назначување бразилски тренери и дека ќе одат на меѓународниот пазар за да ја ангажираат најдобрата можна опција.

ПретходноМаркус Мерк: Некои судии се недораснати за светско првенство
СледноМалта подобра во првата У15 пресметка