МЗТ Скопје го реши Кожув во третата четвртина!

83

МЗТ Скопје го затвори деветото коло во Првата лига. Актуелниот македонски првак се врати со победа од Гевгелија, го совлада Кожув со 66-79 и го запиша осмиот триумф оваа сезона. Мечот од домашниот шампионат беше како мелем за раната по поразот од Борац во АБА-лига.

Кошаркарите на МЗТ Скопје оваа средба ја решија во третата четвртина, која ја добија со 12-31. Претходно домашниот тим пружи силен отпор, по 14-21 во првата четвртина за гостите, Кожув одигра подобро во вториот период, па на одморот имаше негатива од 40-43.

Во последните десет минути, домаќинот одигра многу подобро, но тоа пак не беше доволно за целосен пресврт, на крајот гевгелијачни го запишаа шестиот пораз оваа сезона.

Војдан со 17 поени и 6 асистенции беше прв стрелец, зад него беше Робев со еден поен помалку, Крстевски имаше 13 поени и 7 скока. На другата страна Гордон реализираше 28 поени.

ПретходноХоландија и Норвешка со скратен список за пресметката со Македонија!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 18.КОЛО: Мишевски со три гола го “поздрави“ Кратово