Холандија и Норвешка со скратен список за пресметката со Македонија!

270

Јануари е резервиран за ракомет, овој пат на ред е Светското првенство кое ќе се одржува во Шведска и Полска, а на која ќе се учествува и македонската репрезентација.

Македонија е во група со Холандија, Аргентина и Норвешка. Селекторот на холанската репрезентација, Штафан Олсон го скрати списокот на 18 имиња. Тимот ќе го предводат Лук Стеинс од ПСЖ како и Каи Смитс од Магдебург.

Дуелот меѓу Македонија е закажан за 15 јанури, поточно е во рамките на второто коло од групната фаза која се игра во Краков.

Со скратен список излезе и Норвешка. Предводникот Јонас Виле се одлучи за 20 имиња. Нема да смета на Кент Робин Тонесен од ПИК Сегед, но затоа на располагање ги има Магнус Род и Харалд Рајнкинд. Овие две селекции ќе се сретнат во првото коло на СП 2023 година, кое закажано за 13. јануари.

ГОЛМАНИ:
Торборн Бергеруд (Колстад)
Емил Имсгард (Елверум)
Кристијан Саверас (Лајпциг)
ПИКЕРИ:
Петер Оверби (Кил)
Магнус Гилеруд (Колстад)
Томас Солстад (Бјерингбро)
БЕКОВИ:
Сандер Сагосен (Кил)
Јоран Јоханесен (Флензбург)
Кристијан О’Саливен (Магдебург)
Тобијас Грондал (Скјерн)
Сандер Оверјордет (Колдинг)
Ерик Тофт (Колдинг)
Симен Петерсен (Скјерн)
Ветле Ага (Колстад)
Харалнд Рајнкинд (Кил)
Магнус Род (Флензбург)
КРИЛА:
Кевин Гуликсен (Гепинген)
Кристијан Бјорнсен (Алборг)
Себастијан Бартолд (Алборг)
Александер Блонз (Сегед)

Претходно„Земјотрес“ во Англија: Името на новиот селектор ќе предизвика лавина реакции
СледноМЗТ Скопје го реши Кожув во третата четвртина!