Сара Ристовска перфектна, со „шест од шест“ во убедливиот триумф на ЦСКА

117

Македонската ракометна репрезентативка, Сара Ристовска и нејзината ЦСКА продолжуваат со одличните игри во рускиот шампионат. Нова жртва на тимот од Москва беше Ставропол, со убедливите 37-27, ЦСАК дојде до 18. триумф оваа сезона во исто толку одиграни натпревари.

Ристовска беше перфектна, без грешка, постигна шест гола од исто толку обиди, истите ги реализираше во едно полувреме. ЦСКА оваа средба ја реши во првото полувреме, имаше водство од осум гола (21-13).

ЦСКА со 18 победи од 18 натпревари и се наоѓа на првата позиција во домашното првенство.

ПретходноИако беа убедливо поразени, битолчани се оптимисти: Веруваме во победа против Бидасоа!
Следно„Земјотрес“ во Англија: Името на новиот селектор ќе предизвика лавина реакции