Тамошните медиуми пишуваат дека Герет Саутгејт би можел да стане поранешен на клупата на репрезентацијата која ја презеде во 2016 година. Иако имаше голема поддршка од јавноста, тие очигледно не можат да „проголтаат“ испаѓање од Французите.
Медиумите на Oстровот веќе почнаа да ги избираат наследниците на Герет Саутгејт.
Угледниот „The Athletic“ пишува дека битката за новиот селектор на Англија ќе се води меѓу две имиња, Шон Дајче и Жозе Мурињо.
Секако, евентуалното доаѓање на Мурињо на клупата на Англија би била вест која ќе го потресе фудбалскиот свет
Интересно е што и двајцата тренери во кариерата немале работа како селектор, раководеле само со клубови.
Дајче го водеше Ватфорд, а потоа работеше една деценија во Барнли, со неговото заминување тимот испадна во Чемпионшип.
Од друга страна, Жозе Муреињо е еден од најтрофејните тренери на денешницата, моментално е на клупата на Рома, а во кариерата ги водеше Порто, Челзи, Интер, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Која ќе биде конечната одлука ќе видиме во наредните денови, поточно дали Саутгејт навистина ќе стане поранешен, но ако им се верува на островските медиуми, шпекулациите за новиот тренер не би се пуштале само така.










