КК Чаир се огласи: Најстрого го осудуваме инцидентот против Работнички!

315

Дуелот меѓу Чаир 2030 и Работнички не го дочека својот крај. Овој меч беше прекинат во втората четвртина при резултат 44:23 за гостите кога еден навивач на домашната екипа влезе на теренот и го удри кошаркарот на Работнички, Ерик Нотиџ.

Прекинот траеше половина час, а потоа судиската тројка и делегатот одлучија мечот да не се доигра и истиот да биде регистриран со службени 20:0 во корист на Работнички.

По овој инцидент се огласија од таборот на Чаир, најстрого со осудија овој потег уверувајќи дека во иднина вакво нешто нема да се повтори.

„Почитувани љубители на спортот.

Ние како клуб најостро го осудуваме вчерашниот инцидент помеѓу нашиот клуб КК Чаир 2030 и КК Работнички. Исто така жалиме за таа супер атмосфера која на крајот заврши на најлош можен начин.

Овој супер добро организиран настан, на кој публиката беше на највисоко ниво со супер фер и коректна атмосфера, остана во сенка на инцидент инициран од ПОСЕБЕН ПОЕДИНЕЦ.

Ние како клуб им се извинуваме на сите наши љубители на спортот, на КФСМ и противничкиот клуб.

Како клуб ве уверуваме дека вакви инциденти нема да се повторат и немаат повеќе место во нашата куќа, реконструираната сала ‘Шабан Трстена’.

ПретходноФудбалерите на Струга Трим Лум спасија куче од Црн Дрим (ВИДЕО)
СледноШкендија се раздели со “тепачот“ Билали, во најава е и разделба со Стојановски и Незири!