Тимот на Академија Пандев веќе втор ден како работи по повод овогодинешните зимски подготовки, а во Струмица покрај стандардите играчи и веќе промвираните новитети, има уште едно ново лице.
Се работи за Неат Абдулаи, момче кое фудбалски е израснато во Италија но кое има македонски пасош. Абдулаи доаѓа во Струмица по прволигашка промоција и докажување дека во него има сериозен квалитет вреден за највисоко ниво.
Досега тој има настапувано за Триесте, Сан Луиџи, Монтебелуна. Има 21. година и игра на позицијата „десетка“.