Откажаниот велеслалом во Гармиш префрлен во австриски Шладминг

353

На 25 јануари, австриски Шладминг ќе биде домаќин на трка во велеслалом од Светскиот куп за мажи. Трката ќе биде организирана под рефлектор како замена за откажаниот велеслалом од Гармиш-Партенкирхен, Германија, поради проблеми со снегот и топлото време.

Трките од Светскиот куп во Гармиш, планирани за 28 и 29 јануари, беа откажани на почетокот на неделата поради неповолната временска прогноза. Во Гармиш беше закажана и машка трка во спуст, но дали воопшто ќе има спуст, засега не е познато.

Во вторник на 24 јануари во Шладминг се одржува и ноќен слалом во машка конкуренција.

ПретходноНа повидок скандал: Ѕвездата на Борусија (Д) нема 18, туку 22 години?!
СледноБарса по пеналите закажа „Ел Класико“ битка за пехарот во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)