Поранешниот тренер на Работнички, Тони Симиќ од денеска е нов тренер на екипата на Навико Академија ФМП. Тој доаѓа на местото на Никола Божиновски.
Симиќ потпиша договор до крајот на сезоната со можност да биде продолжен.
Станува збор за тренер кој своето прволигашко искуство го започна во екипата на Работнички, каде што помина и голем дел од својата играчка кариера.
„Пред се благодарност до управата на клубот за укажаната доверба, да бидам нов тренер на Навико Академија ФМП. Не чека доста работа во периодот кој следува и мислам дека овој тим има потенцијал за подобри резултати од моменталните, со одредени промени во играчкиот кадар. Оптимист сум како и секогаш, со напорна работа и максимална посветеност на сите во клубот, резултатите ќе дојдат сами по себе на крајот.“ – изјави новиот тренер.