Струга Трим Лум во одбраната доби големо засилување. Тоа е Бесарт Кривањева, одличниот стопер, „дете“ на Металург, за да потоа кариерата го водеше во екипите на Шкупи, Егнатиа, Гњилане. Па така по Меџит Незири, стружани успеаја да го ангажираат и Бесарт Кривањева (26), кој со својот квалитет и искуство секако дека ќе биде еден од клучните играчи на тимот кој напролет ќе бие битка за титулата.
Инаку да кажеме и тоа дека Кривањева доаѓа по барање на тренерот Срѓан Захариевски, со кој во Металург пред неколку години исто така соработуваа.
Инаку како што велат нашите информации, покрај Меџити и Кривањева, Струга ТЛ има намера да донесе барем уште 2-3 квалитетни прволигашки играчи.