Лина Ѓорческа ќе биде дел од полуфиналето на фјучерсот во Талин откако денеска по маратонски меч ја совлада во 1/4 финалето Дебора Киеза од Италија со 2-1 по сетови 6-3, 4-6 и 6-4.
Во долг и исцрпувачки меч нашата најдобрата македонска тенисерка стигна до посакуваната цел, пласман во полуфиналет а таму за противник ќе ја има Турчинката, Зејнеп Сомнеж која успеа да ја изненади првата носителка Холанѓанката, Лесли Патинама-Керкове.