Откако веќе одработи една сезона во тимот на Беласица, младиот голман Иван Николоски повторно се враќа во Струмица. Ќе го носи дресот на „Кенгурите“ во пролетниот дел од ВМФЛ шампионатот, и ќе се обиде заедно со своите нови соиграчи да ги оствари зацртаните цели.
Македонскиот младински репрезентативец досега го носеше дресот на Победа, Работнички, Силекс, Воска, Беласица, Дрита, Влазрими, се со цел да има минутажа, неопходна за 20. годишен голман.