„Кралевите“ не се даваат – ја „распарчија“ Валенсија на свој терен (видео)

159

Екипата на Реал Мадрид не и дозволува на Барселона лесно да дише на врвот на табелата. Во меч од Ла Лига, „кралевите“ забележаа победа со 2:0 над Валенсија на „Сантијаго Бернабеу“.

Тотална доминација, огромен број на шанси и заслужена победа на Реал на овој меч против екипата која неодамна го смени Џенаро Гатузо, па вечерва на клупата седеше Воро. Валенсија тотално се растури, имаше едвај 30% посед на топка и ниту еден директен удар на противничкиот гол.

Ридигер во првото полувреме постигна гол кој беше поништен поради офсајд. Претходно Реал остана без бекот Едер Милитао кој поради повреда мораше да го напушти теренот.

Сепак, головите паднаа во второто полувреме и тоа во интервал од две минути. И во двете акции учествуваше Карим Бензема. Во првата Марко Асенсио се најде во одлична можност за удар, па од 16 метри ја погоди мрежата.

А домашните уште еднаш ги удрија неосвестените гости. Две минути подоцна Винисиус прими долга топка на десната страна истрча напред и рутински го совлада голманот.

Имаше Реал уште неколку шанси преку Модриќ, Бензема, Валверде…

Во 72 минута Габриел Паулиста доби директен црвен картон поради остар старт врз противнички играч па на Валенсија задачата и стана уште потешка.

На крајот 2:0 за Реал кој сега има 45 бода, пет помалку од лидерот Барселона после 19 кола.

ПретходноСведоците се повлекле – Гринвуд ослободен од сите обвиненија за бруталност
СледноЈувентус го елиминира Лацио и закажа полуфинале со Интер во Купот