Му се смешка Серија Б: Јуве ќе биде казнет со одземање на нови 20 бода!?

2110

Нов шок, и тоа каков за сите во Јувентус. Клуб од Торино кој никако не може да се отргне од незаконити работи. Имено како што денеска пишуваат медиумите во Италија, на Јуве и тоа како му се смечшка Втора лига, односно Серија Б. Како што се пренесува, Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација, бара да му се одземат нови 20 бода на Јувентус и тоа поради мамење со платите и исплата на истите за време на Корона кризата. Ова е најново, а се се смета за уште поголем прекршок од тој што беше казнет со -15 бодови поради финансиски малверзации.

Имено ако Јуве добие нова казна, и тоа -20 бодови, тогаш на табелата во Серија А би бил убедливо последен и тоа со само 3 бода. Или 15 бодови помалку од Специја која е на 17. место на табелата, место кое гарантира опстанок.

Така е тоа кога се занимаваш со криминални работи.

ПретходноШок за ПСЖ и за Мбапе!
СледноРаспоредот на У-21 во квалификациите: Почнуваме со Шведска, завршуваме на гости кај Грузија!