Екипата на Македонија Ѓ.П го одигра осмиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за продолжението од сезоната. По ремито со ЦСКА Софија, македонскиот тим е поразен од Спартак Варна со 0-2 во Анталија.
Првото полувреме беше без голови, фудбалерите на Македонија Ѓ.П двата гола ги примија во вториот дел, поточно во 67. и 85. минута.
Досегашниот скор на „лавовите“ е четири порази, две победи и две ремиија.















