Бразилецот нема да игра во Минхен: Нејмар пак се повреди, и пак пред роденденот на својата сестра!

364

Лоши вести за фановите на ПСЖ. Имено во најважниот меч досега во сезоната, реваншот од 1/8 финалето во ЛШ кај Баерн Минхен, Нејмар повторно се повреди. Оваа вест и официјално ја потврдија и од страна на клубот.

Ова значи дека Бразилецот нема да биде во составот на ПСЖ на 8 март против Баерн Минхен.

Сепак тие добр што го познаваат Нејмар, велат дека ова не е ништо ново, односно да се повреди пред роденденот на својата сестра Рафаела, на 11 март. Имено тој вообичаено во овој период од годината се повредува се со цел да присуствува на роденденот на Рафаела, како што било досега.

ПретходноНа момче кое било извлечено од урнатините во Сирија му се исполни најголемата желба – Кристијано Роналдо (ВИДЕО)
СледноБутел Скопје го сопре Тиквеш за прва плеј-оф победа!