Тимот на Силекс од викендов и официјално ќе биде посилен за Александар Катаниќ. Интернационалецт од Србија конечно доби право на настап иако тој веќе извесен период е дел од таборот на Кратовци.
Потребниот документ од ФИФА кој беше неопходен за правото на настап на Катаниќ пристигна па сега веќе пранешниот напаѓач на тимот на Младост Гат е во стројот на тренерот Михаилов.
Силекс изминатиот викенд направи подвиг и на домашен терен го совлада Шкупи со 2:1, а сега на ред следува мечот со Победа на гостински терен.















