Клоп: Манчестер Јунајтед има многу подобра сезона од нас, но тоа не значи ништо

622

Викендов на програмата во Премиер лигата е најголемот дерби кое постои на Островот. А тоа секако е она помеѓу екипите на Ливерпул односно Манчестер Сити. Истото е закажано за 17:30 часот в недела, а како најава на мечот секако доаѓа и официјалната прес конференција на двете страни.

Во таборот на Ливерпул се свесни дека сезонава е тешка, и дека резултатите се далеку од оние очекуваните,  но и дека има уште доста простор и време истите да се поправат. Менаџерт Јурген Клоп е убеден во тоа иако признава дека засега Јунајтед е далеку пред Ливерпул сезонава.

„Вчера сите се чувствуваа добро, освен оние кои во основа се во „аут“, а тоа се Алкантара и Дијаз. Џо Гомез е блиску до камбек, но не сеуште. Секогаш се радував на овој дуел. Ова е натпреварот. Тие имаат многу подобра сезона од нас, но тоа не значи ништо. Тоа не значи дека ќе го добијат натпреварот, тоа само значи дека имаат повеќе бодови.

Има толку многу работи во животот кои се поважни од фудбалот, но на овие мечеви ја даваме целата енергија што ја имаме во нас.  Таа не толку пријатна реалност ја оставаме на страна и се внесубаме во мечот. За 90 минути, или колку долго трае натпреварот, фудбалот станува најважен. Ми се допаѓа ова. Целиот свет ќе гледа.

Ова е недела во која треба да ја започнеме нашата нова сезона што се вели. Мора да покажеме дека се уште е неверојатно тешко да се игра против нас. Го почитувам она што го прави Манчестер Јунајтед. Тие станаа машина за резултати. Играат врвен фудбал, но и кога играта не оди така добро, сепак освојуваат бодови. Сите знаат дека се целосно вклучени во битката за освојување на лигата.

Кога сте менаџер на Ливерпул, речиси е невозможно да се биде среќен за нешто позитивно во Манчестер Јунајтед, но јас сум навистина среќен за Рашфорд затоа што тој имаше многу тешка сезона лани каде што не се претстави на нивото за кое е способен. Сега тој игра неверојатно и мораме да се браниме против него колективно. Но, тој не е нивниот единствен играч од светска класа“, рече Клоп за време на неговата прес-конференција пред дербито в недела. 

 

ПретходноХакими и службено обвинет за силување
СледноБарселона ќе мора да продава играчи за 200 милиони за да потпише нови на лето