Екипата на Македонија Ѓ.П одлучи сите средства собрани од билетите кои ќе бидат продадени на билетарницата на стадионот ќе ги донира за шестмесечниот Дамјан Петковски од Ѓорче Петров.
„На 6-месечниот Дамјан констатирана му е вродена срцева мана-мултипен ВСД, апокално. Доколку болеста веднаш не се третира ќе донесе животно-загрозувачка состојба! Потребна е наша помош за што поскоро Дамјан да биде опериран во Третата градска болница во Софија, Бугарија“, се вели во известување на клубот, кој ги повика сите кои нема да дојдат на мечот со Тиквеш во недела, да донираат средства на жиро сметката која можете да ја видите во линкот подоле.










