По поразот на ФМП од МЗТ Скопје во рамките на АБА-лига, тренерот на гостите Ненад Стефановиќ, прво ја честита победата на македонскиот тим, ја анализира играта, но на крајот го искажа своето разочарување од навивачите во СЦ „Јане Сандански“.
„Ова што ќе го кажам нема врска со крајниот резултат, не би сакал да бидам погрешно сфатен. На трето гостување по ред од трибините слушаме навреди кон кошаркарите. Ова е срамота бидејќи сме 21 век, слушаме џипси и манки. Уште постојат такви кој испраќаат такви пораки поради бојата на кожата. А за да парадоксот биде уште поголем, МЗТ Скопје има такви тројца африкански играчи. Ако уште еднаш се повтори истото со момците ќе го напуштиме теренот“, изјави предводникот на ФМП.










