Мбапе: Тие имаат состав за освојување на Лигата на шампиони! Ова е нашиот максимум!

318

ПСЖ втора сезона по ред ја завршува во осминафиналето во Лигата на шампионите. Лани беа поразени од Реал Мадрид, а сега од Баерн кој ги исфрли со вкупен резултат 3:0.

По натпреварот во Минхен Килијан Мбапе беше видно разочаран.

„Кога ќе ја погледнете состојбата на двата тима, тие имаат изграден состав за освојување на Лигата на шампионите. Ова е нашиот максимум, тоа е тоа. Ќе се запрашаме и ќе се вратиме на секојдневието и на првенството“, изјави Килијан Мбапе.

Кристоф Галтие зборуваше многу подолго. Сигурно не му е лесно, со оглед на тоа што столчето му се тресе по испаѓањето од натпреварувањето, што се уште е неостварен сон за челниците и навивачите на ПСЖ.

“Навистина е премногу рано да се зборува за тоа. Мојата иднина очигледно зависи од спортскиот директор и мојот претседател. Има разочарувања. Клубот вложи многу надеж во ова натпреварување. Останувам фокусиран на крајот на сезоната со многу енергија и одлучност.

Имавме добар прв период каде имавме неколку добри ситуации. Во второто полувреме го примивме овој навистина глупав гол. На ова ниво треба да имате малку поголема луцидност“.

Исто така, Галтие смета дека една од причините за испаѓањето на ПСЖ е тоа што им недостигале некои клучни играчи.

„Имавме многу важни отсуства на првиот натпревар, како и сега на вториот. Моравме да ги смениме централните дефанзивци, очигледно тоа не ослабна“, изјави шефот на стручниот штаб на Париз.

ПретходноФранцуски клуб го отпушти тренерот поради непримерни коментари и лоши резултати
СледноДесет поени на Јакимовски, Вашингтон во 1/4 финалето на конференцискиот плеј-оф!