Премиерлига: Ливерпул преживеа кај Челзи, Лидс Ј. со важна победа за опстанок (ВИДЕО)

144

Челзи во првиот меч по заминувањето на Грем Потер имаше неколку извонредни шанси да слави над Ливерпул, но на мечот во Лондон мрежите останаа недопрени. Впрочем, Челзи и постигна два гола, по еден во двете полувремиња, но и двата беа поништени од ВАР собата. Првиот поради офсајд, вториот поради игра со рака.

„Црвените“ можат и да бидат задоволни што освоија бод на ова гостување, бидејќи домашните беа подобар ривал. Клоп мечот го почна со многу променет состав во кој повторно одбраната имаше големи проблеми. Со овој бод и двата тима остануваат се уште далеку од битката за место во ТОП 4.

Во останатите три средби имаше исто така големи возбудувања. Борбата за опстанок ќе се води до последното коло, откако денеска тимот на Лидс забележа исклучително важна победа.  Важни бодови за Лидс Ј. дојдоа на мечот со Нотингем Форест кој домашните го добија со 2:1.

Екипата на Астон Вила успеа да го совлада Лестер со 1:2 и со тоа да го доведе во тешка ситуација домаќинот кој останува на претпоследното место на табелата.  Брајтон како гостин успеа да го совлада Бурнмаут со 0:2, па домашниот тим останува во зоната за испаѓање.


ПретходноСензација: Фрајбург го шокираше Баерн, Тухел во вториот меч остана без еден трофеј (ВИДЕО)
СледноКуп на Италија: Лукаку од пенал обезбеди реми за Интер во Торино (ВИДЕО)