Сите на забава и кошарка во хуманитарни цели! (ФОТО)

138

Неколкумина ентузијасти, од тимот на Водњански Ласици, во сабота (08.04.2023) ќе организира ревијачен кошаркарски натпревар со хуманитарни цели.

Противникот на Ласици ќе им биде италијанскиот состав Сгарупати, тим кој што патува по светот и учествува на вакви настани. Секако дека со нивнито гостување ќе се помогне во собирање на средства за Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коските. Покрај натпреварот предвидена е и своевидна забава и се поканети сите кои сакаат да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Сите собрани средства ќе бидат уплатени на сметката на младиот Никола со цел да му се помогне во лекувањето.

Натпреварот, а и целата оваа хумантарна акција на Водњански Ласици, започнува во 17:30 часот во малата сала во СРЦ Кале.

 

ПретходноГаздата на Наполи удри по фановите: Веќе 50 години криминалци на трибините си играат со нас!
СледноПСЖ поради посебна клаузула ќе му исплати на Мбапе дури 10 месечни плати