Јовиќ: Навистина го заслуживме местото на финалниот турнир!

63

Пелистер е првиот патник на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Актуелниот македонски вицепрвак во Татран ја потврди победата и по вторпат во својата историја ќе игра на Ф4 во регионалното натпреварување.

Со ова ракометарите на Пелистер ја исполнија една од трите поставени цели за оваа сезона. Па токму затоа имаат право на големо задоволство. Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ по мечот беше краток потенцирајќи дека местото е заслужено.

„Нашиот добар перформанс ни помогна да стигнеме до две победи над Татран. Чувствувам дека навистина заслуживме место на финалниот турнир“, рече Јовиќ по мечот.

Пелистер и на двете средби одигра максимално, што пак посебно ги прави горди ракометарите на Пелистер.

„Дадовме сè од себе, и тоа е причината поради која успеавме да победиме на уште еден натпревар против квалитетен тим како Татран“, рече Петар Атанасијевиќ.

ПретходноРеми без голови против Црна Гора
СледноМладите во јуни со дуели против Ерменија и Малта