Атлетико (М) ја крена цената на Феликс, сега за него од Челзи бара 100 милиони евра

299

Челзи ќе има проблем да ја продолжи соработката со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс. Според информациите на шпанска „Марка“, Атлетико финансиски ја заострува битката за трансфер на Португалецот, што ќе биде проблем за „сините“ да го остварат најавеното задржување на Феликс.

Имено, мадриѓани им побарале на своите колеги од Лондон сума од 100 милиони евра за 23-годишниот фудбалер. Ова секако не е сума која Челзи ја очекуваше како барање од Атлетико (М), особено што тимот и во позајмицата на Феликс вложи доста пари.

Феликс во јануари оваа година дојде на „Стемфорд Бриџ“ на позајмица до крајот на сезоната и постигна два гола на 16 натпревари.

ПретходноФенербахче го победи Олимпијакос и избори „мајсторка“
СледноШалке со пенал во 100. минута победи за опстанок, Баер (Л) може да остане без Европа (ВИДЕО)