Брајтон си договори бразилски напаѓач

125

Премиерлигашот Брајтон објави дека се договориле со Ватфорд за трансфер на Жоао Педро на „Фалмер“ стадионот. Неофицијално се работи за трансферна сума од 30 милиони фунти, а бразилскиот напаѓач потпиша петгодишен договор кој ќе стартува од летоска.

Жоао Педро има 21 година, а потекнува од школата на Флуминенсе, а во 2020 година дојде во Ватфорд и до сега одигра 104 натпревари и постигна 23 гола.

Утринава англиските медиуми објавија дека Брајтон ќе го донесе искусниот фудбалер на Ливерпул, Џејмс Милнер чиј што договор ќе биде до јуни 2024 година.

ПретходноOсимен ги урна рекордите на Веа и на Ето
СледноЃорчепетровки го кренаа шампионскиот пехар (ФОТО)