Еден инфлуенсер од Франција покрена бура со тоа што објави дека ПСЖ му давал пари за да го фали клубот на социјалните мрежи. Во период кога навивачите се незадоволни поради проблемите со Лео Меси, протести на навивачите кој го бркаат Меси и Нејмар од клубот се појавија нови информации. Наводно луѓе од францускиот клуб давале пари на поединци за да пишуваат убаво за нив.
Се започна со порака на еден од инфлуенсерите по име Сабри кој објави на Твитер. „Мојот договор со нив истекува на 13 јуни и имате збор дека после тоа ќе ви кажам се. Веќе ништо не ме интересира, уморен сум, нема да ги чувам работите во себе додека мојот клуб прави вака. “ напиша тој, а тамошните медиуми наведуваат дека добиваат по 1.000 евра по натпревар за да напишат позитивни работи.










