Она што сезонава се случува со тимот на Челзи на резултатски план секако дека нема да остане без последици. Сезоната ќе се докрајчи со овој состав, а потоа, на лето следува сериозен „рез“ во тимот и заминувања на многу играчи.
Во прв ред тоа ќе бидат оние со огромни плати, а лоши изведби. Калиду Кулибали има огромни примања, а не игра речиси ништо и тој е прв на списокот. Тревор Чалоба исто така е на излезна врата.
Матео Ковачиќ има уште една година договор, но и тој не задоволува со игрите, па доколку има заинтересирани веднаш ќе биде продаден. Рубен Лофтус Чик и Калум Хадсон Одои исто така се во оваа категорија.
Кристијан Пулишиќ ни оддалеку не е она што треба да биде, како и Хаким Зијеш. И двајцата мораа да ја имаат улогата на лидери на тимот. Конечнио, Пјер Емерик Обамејанг нема преголема минутажа, па логично е тој летово да се врати на Ноу Камп од каде што и дојде.
Давид Датро Фофана и Луис Хол дефинитивно ќе заминат на позајмица.










