Виктор Осимен постигна гол за Наполи во ремито со Удинезе што беше доволно за титула за тимот од под Везув после пауза од 33 години. Наполи слави „Скудето“, а Осимен урива рекорди.
Нигерискиот напаѓач урна два рекорди во Италија. Осимен го достигна првото место по број на голови од африкански фудбалер во Серија А. Тој има исто погодоци со поранешниот голгетер на Милан, Џорџ Веа, по 46 гола. Осимен сигурно ќе ги помести границите со оглед на годините и на тоа што има уште натпревари за Наполи.
Осимен го оствари тоа во 78 меча во својата трета сезона во Серија А, додека на Веа му беа потребни 114 натпревари во петте години поминати во Милан.
Истовремено, Осимен има 22 гола само оваа сезона со што постави нов рекорд од африкански фудбалер по број на голови во најсилната италијанска лига. Тој го урна претходниот ефект на некогашниот камерунски фудбалер, Самуел Ето кој во 2010/11 за Интер постигна 21 гол.










